24фудбал

Официјално: Ливерпул потпиша со Дејан Ловрен

Ливерпул го комплетираше трансферот на хрватскиот централен дефанзивец Дејан Ловрен за сума од 20 милиони фунти.

Англија
Саутемптон не престанува со распродажбата на своите фудбалери, а најголем муштерија им е Ливерпул.
 
Овој пат Црвените го купија Дејан Ловрен кој потпиша долгогодишен договор со Ливерпул.
 
Среќен сум што сум тука, горд сум што ќе го носам дресот на Ливерпул, не можам да дочекам да почнам. Знам дека имаме милиони и милиони навивачи" - изјави Ловрен.
 
Ливерпул за овој трансфер ќе плати 20 милиони фунти.