24фудбал

Шиков дебитираше со црвен картон

Кошмарно деби за македонскиот репрезентативец во дресот на Австрија Виена, Шиков заработи црвен картон уште на стартот од натпреварот.

Македонија
На денешниот дуел од австриското првенство, Шиков беше во стартниот тим на Австрија Виена против Волфсбергер, тоа беше негово деби на првенствен натпревар за новиот тим.
 
Дебито на Шиков траеше само шест минути кога заработи директен црвен картон и го остави тимот со десет фудбалери.
 
Девет минути подоцна Австрија Виена прими гол, a до крајот на натпреварот уште три пати се тресеше нивната мрежа.