24фудбал

Официјално: Јувентус потпиша со Переира

Јувентус го позајмува Роберто Переира на една година со можност комплетно да го откупи следното лето.

Италија
Јувентус за позајмицата на Переира ќе плати 1,5 милиони евра, а според договорот, следното лето ќе може за 14 милиони евра да го откупи комплетно од Удинезе.
 
„Јувентус може да потврди дека Роберто Максимилиано Переира го комплетираше трансферот откако беше постигнат договор со Удинезе за едногодишна позајмица која чини 1,5 милиони евра" - стои во соопштението на Јувентус.
 
„Договорот вклучува опција Јувентус да го направи перманентен овој трансфер по крајот од сезоната 2014/15 за сума од 14 милиони евра која ќе биде плаќана во рок од три години".
 
„Оваа сума може да порасне за уште 1,5 милиони евра доколку Переира достигне одредени спортски цели до јуни 2020".