24фудбал

Суарез ќе може да игра на првото Ел Класико

Четиримесечната суспензија на Луис Суарез истекува токму пред првото Ел Класико во новата сезона кое се игра на 26. октомври.

Шпанија
Денеска беше извршена ждрепката за распоредот на новата сезона во Примера, првото големо дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра на 26. октомври.
 
Интересно тоа е првиот ден по истекот на казната на Луис Суарез, новото големо засилување на Барселона.
 
Каталонците се надеваат дека ќе го имаат Суарез и порано, се е во рацете на спортскиот суд во Лозана кој може да му ја намали казната на Уругваецот.