24фудбал

Видео: Родригез презентиран на Бернабеу пред повеќе од 45 000 фанови

Реал Мадрид вечерва на Сантијаго Бернабеу ја презентираше својата нова ѕвезда, Џејмс Родригез.

Шпанија

Откако денеска го комплетираа трансферот вреден 80 милиони евра и потпишаа шест годишен договор со Родригез, вечерва Реал Мадрид и официјално го презентираше пред фановите.

Според шпанските медиуми, околу 45 000 фанови на Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу ја поздравија својата нова голема ѕвезда.