24фудбал

Чави останува во Барселона

Чави и наредната сезона ќе игра во Барселона, нема да се пресели ниту во Катар ниту во САД, најмалку уште една година ќе биде играч на Каталонците.

Шпанија

Чави продолжува во Барселона најмалку до јуни 2015 година, објавуваат шпанските медиуми.

Тој требаше да потпише со Ал Араби од Катар, но тоа не се случи, откако пропадна таа зделка, следна можна дестинација се посочуваше Њујорк Сити, но и од тоа нема ништо, Чави одлучи да продолжи во Барселона.

Чави заедно со неговиот агент денеска имал средба со претседателот Хосеп Мариа Бартомеу и новиот тренер Луис Енрике, и прифатил дека нема загарантирано стартно место.

Репрезентативецот на Шпанија во четврток ќе се врати на тренинг и ќе ги започне подготовките за новата сезоната.

Фудбалерот е дел од првиот тим уште од сезоната 98-99, неговиот актуелен договор истекува во 2016 година.