24фудбал

Мората надвор од стројот 50 дена

Јувентус соопшти дека Алваро Мората го оштетил медијалниот колатерален лигамент на левото колено и ќе мора да паузира околу 50 дена

Италија

Младиот Шпанец, кој изминатиов викенд се пресели во Јувентус, вчера имаше пех на првиот тренинг кога при еден дуел со голманот Рубињо го повреди левото колено.

Утрово врз Алваро Мората беа извршени детални тестови кои покажале оштетување на медијалниот колатерален лигамент.

Според лекарскиот тим на ’Старата Дама’, играчот ќе паузира околу 50 дена.

„Алваро Мората утрово направи МРИ снимка откако вчера беше принуден пред време да го напушти тренингот поради повреда” – гласеше известувањето на шампионот на Италија.

„Тестовите покажаа дека тој има исекотина од втор степен на медијалниот колатерален лигамент на левото колено”.

„Проценката е дека ќе се врати на терените за 50 дена”.