24фудбал

Официјално: Јувентус го комплетираше трансферот на Евра

Патрис Евра потпиша две годишен договор со Јувентус, Французинот и официјално е ново засилување на Старата Дама.

Италија

Откако Манчестер Јунајтед потпиша со Лук Шо, Патрис Евра силно се поврзуваше со заминување од Олд Трафорд.

Од поодамна се знаеше за преселбата на Евра во Јувентус, но сега зделката е комплетирана и Французинот и официјално е нов член на италијанскиот шампион.

Јувентус потврди дека Евра ставил потпис на две годишен договор.

Италијанскиот клуб ќе плати 1,2 милиони евра, и дополнителни 0,3 доколку Јувентус избори пласман во Лигата на Шампионите што е многу реално.