24фудбал

Џерард се пензионираше од националниот дрес

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард објави дека повеќе нема да настапува за англиската репрезентација.

Англија

По 14 години од неговото деби за Англија, Стивен Џерард реши да стави крај на репрезентативната кариера.

„Уживав во секоја минута играјќи за мојата земја и ова е тажен ден за мене знаејќи дека никогаш повеќе нема да го облечам дресот на Англија" - изјави Џерард.

Џерард одигра 114 натпревари за Англија од кои на 38 беше со капитенската лента.