24фудбал

Официјално: Реал го ангажираше Тони Крос

Реал Мадрид утрово го потврди трансферот на Тони Крос, репрезентативецот на ’Панцирите’ стави потпис на шест годишен договор

Италија

24 годишниот фудбалер од средниот ред беше обврзан кон Баерн Минхен до 2015, преговорите за продолжување на соработката не вродија со плод, па беше јасно дека тој ова лето ќе замине од Алијанц Арена.

Неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги, најконкретен беше Реал Мадрид па Тони Крос кариерата ќе ја продолжи во главниот град на Шпанија.

„Реал Мадрид и Баерн Минхен постигнаа согласност за трансферот на Тони Крос” – гласеше известувањето на ’Кралевите’.

„Играчот ќе стави потпис на шест годишен договор”.

Тони Крос во текот на денов ќе ги помине редовните лекарски прегледи а во 17 часот во свечената ложа на Сантијаго Бернабеу ќе биде презентиран пред медиумите како првото засилувањ на Карло Анчелоти за сезоната 2014/15.

Детали од зделката не се откриваат, се верува дека за услугите не Германецот, Реал Мадрид ќе плати околу 25 милиони евра.



Комерцијален текст: