24фудбал

Голем удар за Бразил, заврши светското првенство за Нејмар!

Бразил скапо го плаќа пласманот во полуфиналето, поради скршеница на пршлен, светското првенство е завршено за Нејмар.

СП 2014

Во финишот од натпреварот Нејмар доби удар од Зунига по кој веднаш беше изнесен на носилки и префрлен во болница.

За жал вестите се лоши, Нејмар има скршеница на третиот лумбален пршлен поради што ќе го пропушти полуфиналето против Германија и евентуалното финале за Бразил.

"Повредата е непријатна, но нема да биде потребна операција. Нејмар ќе мора да мирува и да го имобилизира тој дел од телото" - изјави докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар.

Покрај Нејмар, во полуфиналето против Германија нема да игра ниту Тиаго Силва поради жолти картони.