24фудбал

Аргентина на мускули до 1/4 финалето

Аргентина со гол на Ди Марија во 118. минута ја победи Швајцарија минимално со 1-0 и се пласираше меѓу осумте најдобри на светското првенство.

СП 2014
Аргентина се изнамачи за да дојде до 1/4 финалето на светското првенство, Швајцарија пружи силен отпор, на моменти и немаше среќа за сензација.
 
Швајцарија одлично го започна натпреварот, имаше многу добро прво полувреме со неколку одлични шанси за гол, но не успеаа да ја затресат мрежата на Ромеро.
 
Како одминуваше натпреварот, Аргентина владееше на теренот, ја имаше иницијативата, но тешко креираше можности за гол, Швајцарија играше одлично во одбраната затворајќи ги приодите кон нивниот гол.
 
Немаше гол во регуларниот дел, па натпреварот замина во продолженија, во нив Аргентина продолжи да се обидува да го реши натпреварот пред да дојде на пенали.
 
И тоа конечно им успеа, во 118. минута Ди Марија постигна гол кој значеше 1/4 финале за Гаучосите.
 
Швајцарија имаше фантастична можност за израмнување на резултатот, во последните мигови од средбата Џемаили ја погоди стативата.
 
На крајот Аргентина се радуваше, но младиот тим на Отмар Хицфелд и покрај поразот може да биде горд на настапот на светското првенство.