24фудбал

Гвардиола: Судбината на Еврото е поважна од ’Ел Класико’

Пеп Гвардиола одбива да му придодаде важност на дерби дуелот со Реал Мадрид, и вели дека средбата за спас на Еврото е многу поважна

Лига на Шампиони

Во сабота Барселона гостува на Сантијаго Бернабеу во долго очекуваното ’Ел Класико’.

Реал Мадрид е на врвот на табелата со три бода предност во однос на Барса и натпревар помалку.

Евентуален пораз ќе ги стави Каталонците во многу непријатна ситуација, па на вчерашната прес-конференција, во пресрет на дуелот со БАТЕ Борисов во Лигата на Шампионите, Пеп се обиде да не му придодава важност на ’Ел Класико’.

“Многу поважно од ’Ел Класико’ е на средбата помеѓу (Ангела) Меркел и (Никола) Саркози на 9. декември да се спаси Еврото.” – рече Гвардиола.

“Ова е важно оваа недела, не дерби дуелот.”

“Ќе се фокусирам на Раел Мадрид по дуелот со БАТЕ. Барса и Реал добро се познаваат, нема тајни помеѓу нас.”

“Без разлика каков ќе биде исходот од натпреварот, до крајот на првенството има уште многу натпревари.”

“Што и да се случи, ние мораме да продолжиме со напорната работа.”

Со оглед на тоа дека Барселона веќе го има обезбедено првото место во Групата Х, Пеп Гвардиола ќе настапи со младинци и втор тим на средбата со БАТЕ.

“Ќе настапам со најдобриот состав што ќе ми биде на располагање, и нашата намера е да победиме.”

“Знам кои фудбалери ќе истрчаат на теренот. Сакам тие да покажат храброст и да не играат под притисок. Сакам да го покажат својот талент без да се плашат.”

“Едноставно треба да играат и да уживаат.”