24фудбал

Дел Боске: Беа подобри од нас

Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске го признава поразот од Холандија, вели дека ова е тежок момент за неговата селекција за кој мора да најдат решение.

СП 2014

Шпанија доживеа тежок удар од Холандија, Црвената Фурија беше збришана од Лалињата со неверојатни 5-1.

Дел Боске пред натпреварот ја фалеше шпанската репрезентација, која сега се покажа во едно очајно издание.

„Тоа е спортот. Треба да го прифатиме поразот. Тие беа подобри од нас во второто полувреме" - изјави Дел Боске.

„Треба да прифатиме дека тие беа подобриот противник".

„Ова е тежок момент за нас, но мора да го решиме".