24фудбал

Ван Гал: Шпанија е најдобра

Холандскиот селектор, Луис ван Гал смета дека Шпанија е најдобра селекција во светот исто како и шпанското првенство.

СП 2014

Вечерва Холандија ја започнува својата авантура на светското првенство во Бразил, а прв противник на Лалињата е светскиот шампион, Шпанија.

Селекторот на Холандија, Луис ван Гал кој работеше во Барселона, има најголеми пофалби за Шпанија и шпанскиот фудбал.

„Тоа беше еден од моите најдобри периоди во животот. Шпанскиот фудбал е подобар тактички, технички и физички" - вели Луис ван Гал.

„Ми се допаѓа бидејќи тоа се трите најважни работи и уживам да гледам како шпанските фудбалери се фокусирани и посветени на нивната работа".

„Шпанија е број еден и ние треба да одиграме многу компактно без топка за да ги победиме".