24фудбал

Дел Боске: Овој Мундијал не е крај на доминацијата на Шпанија

Селекторот на шпанската репрезентација, Висенте Дел Боске ги отфрла тврдењата на дел од критичарите дека се ближи крајот на доминантната ера на Шпанија.

СП 2014

Шпанија вечерва го започнува Мундијалот, тимот на Дел Боске одбраната на титулата ја стартува со дуел против Холандија.

Дел од критичарите сметаат дека полека се ближи крајот на успешната ера на Шпанците, но со тоа не се сложува Дел Боске.

„Тимот на Шпанија до 21 година неодамна стана eвропски шампион, нашиот сениорски состав 30% е реновиран во однос на 2010 година. Па не се плашам за иднината на Шпанија" - вели Дел Боски.

„Видовме што направи оваа генерација и сакаме младите фудбалери да се угледаат на нив. Имаме неколку играчи над 30 години, но не многу во овој состав од 23 фудбалери. Не се плашиме од никого и од ништо".

„Амбиентот во составот е многу добар и ние сме големи ентузијасти и покрај тоа што е многу тешко да се одбрани титулата светски шампион".