Категорија: СП 2014 12.06.2014 11:57
Вечерва започнува најголемиот настан во светот, светското фудбалско првенство кое оваа година се одржува во Бразил.
Бразилците имаат одличен тим и според сите параметри тие се најголемиот фаворит за освојување на трофејот.
„На сите Бразилци сакам да им кажам, дојде моментот, ова е наше светско првенство" - вели Сколари.
„Има седум чекори. Треба да ги поминеме сите тие седум чекори, но на почетокот треба да мислиме на првиот. Не меме да прескокнуваме".
„Првиот чекор е Хрватска. Потоа ќе ни останат уште шест".
Пред стартот на првенството Сколари го погоди тажна вест, во сообраќајна несреќа загина неговиот 48-годишен внук.
„Понекогаш треба да се справиме со некои потешкотии, но треба да се обидете да го продолжите животот понатаму".