24фудбал

Пирло уште две години во Јуве

Андреа Пирло ја продолжи соработката со ’Старата Дама’, фудбалерот од средниот ред денеска стави потпис на нов двегодишен договор

Италија

Репрезентативецот на Италија се пресели во Јувентус во 2011, и беше клучен играч во тимот на Антонио Конте, кој успеа да освои три Скудета во низа.

Неговиот договор истекуваше на 30. јуни, преговорите подолго време тапкаа во место, па се говореше дека тој би можел да замине од Торино.

Сепак, минатиот месец самиот играч рече дека нема никаков проблем и ќе остане во редовите на ’Старата Дама’.

Денеска, шампионот на Италија официјално соопшти дека Андреа Пирло останува и ставил потпис на нов две годишен договор.

„Неверојатната сторија на Андреа Пирло и Јувентус ќе продолжи” – гласеше известувањето на ’Бјанконерите’.

„’Професорот’ го обнови договорот со клубот, ќе го носи црно-белиот дрес се до 30. јуни 2016”.