24фудбал

Сантијаго Бернабеу распродаден за финалето од Лигата на Шампионите

Финалето од Лигата на Шампионите се игра во Лисабон на Стад де Луж, но распродаден е и Сантијаго Бернабеу.

Лига на Шампиони

Поради големиот интерес, управата на Реал Мадрид донела одлука да постави огромни видео бимови на Сантијаго Бернабеу, на кои во живо ќе се гледа финалето од Лигата на Шампионите.

За многу кратко време сите влезници биле распродадени, па 81 000 фанови на Сантијаго Бернабеу ќе навиваат за Реал Мадрид.

Информациите велат дека на ист потег се одлучила и управата на Атлетико Мадрид, па се очекува и Висенте Калдерон во сабота да биде исполнет до последното место.