24фудбал

Жесус: Не победи подобриот тим

Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус смета дека тие биле подобриот тим во финалето од Лига Европа и покрај тоа што не успеале да победат.

Лига Европа

Проклетството на Бенфика продолжува, ниту во осмото европско финале по ред гигантот од Португалија не се радува на трофеј.

„Финалето беше одлично иако немаше голови. Тоа беше еден отворен натпревар. Севиља стартуваше подобро, но како одминуваше времето ние се подобривме и бевме тимот кој доминираше" - вели Жесус.

„Ја покажавме нашата сила, имавме бројни шанси за гол, но не успеавме да ги искористиме".

„Подобриот тим не ја освои Лига Европа. Им честитам на моите фудбалери, немам за што да го критикувам. Заминуваме со високо кренати глави, нема простор за разочарување. Во недела имаме ново финале".

„Ова беше едно емоционално искуство кое треба да го оставиме зад нас. На крајот Севиља победи и сакам да им честитам".