24фудбал

Тимот на Челзи кој ќе истрча на Енфилд

Англиските медиуми прогнозираат како ќе изгледа ослабениот тим на Челзи кој ќе му се спротистави на Ливерпул во недела.

Англија

По поразот од Сандерленд во минатото коло, шансите на Челзи за освојување на Премиер лигата се сведени на теорија.

Многу пореално изгледа финалето од Лигата на Шампионите, па Жозе Мурињо изјави дека би сакал со променет состав да истрча на Енфилд со цел да има свеж тим за реваншот против Атлетико Мадрид.

Медиумите пишуваат дека Мурињо добил поддршка од Абрамович да ги одмори најдобрите, па весниците почнаа да шпекулираат за тоа како ќе изгледа тимот на Челзи во недела.

Чех и Тери се во аут поради повреди, недоволно опоравени се Ето и Азар.

Микел и Лампард поради жолти картони немаат право на настап на реваншот против Атлетико, па тие ќе бидат во првиот тим против Ливерпул, исто како и Матиќ и Салах кои оваа сезона играа во Лигата на Шампионите за дурги тимови.

Според Daily Mail, за Челзи ќе стартуваат: Хиларио, Калас, Микел, Кристенсен, Аке, Ван Гинкел, Матиќ, Лампард, Салах, Ба и Шурле.

Но ова се само прогнози на англискиот весник, останува да почекаме до недела за да видиме точно како Жозе Мурињо одлучил да му се спротистави на Ливерпул.