24фудбал

Пеп горд на Баерн и покрај поразот во Мадрид

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола е горд од играта на неговите избраници и покрај тоа што ’Баварците’ доживеаа пораз од 1-0 на гостувањето на Сантијаго Бернабеу

Англија

Актуелниот шампион на Европа го имаше поседот на топката, доминираше на теренот, но сето тоа не успеа да го претвори во гол.

Реал Мадрид свесно играше повлечено и се закануваше преку контра напади, а токму при една таква ситуација падна и единствениот гол на средбата, кога Карим Бензема ја затресе мрежата на Баерн Минхен во 19. минута.

„Горд сум на мојот тим” – рече Пеп Гвардиола по крајот на натпреварот. „Добро се бореа против тежок противник, еден од најдобрите во светот”.

„Мислам дека има простор да подобриме неколку аспекти од играта за реваншот следната недела”.

„Сакавме да имаме голем посед на топката и брзо да се трансформираме од одбрана во напад”.

„Го контролиравме натпреварот, но Реал чекаше да нападне преку брзи контри, и имаат играчи кои одлично се снаоѓаат во ваква ситуација. Тие се најдобриот тим во светот кога се во прашање контра нападите”.

„Им честитам за победата, но не чека уште еден натпревар во Минхен, уште 90 минути, па ќе видиме што ќе се случи”.

„Сторивме се што можевме. Не можеме да победиме на секој натпревар. Игравме против еден од најдобрите и најскапите тимови во светот”.

„Се надевам дека нашите фанови ќе ни ја дадат поддршката што ќе ни биде потребна на реваншот. Поразот од 1-0 не е идеален, но можеме да одиграме подобро на возвратниот натпревар”.

„Ќе го проанализираме овој натпревар и потоа ќе одлучиме кои се нашите најдобри опции на реваншот за да ја надополниме негативата”.

„Останувам оптимист, би рекол дека сум поголем оптимист отколку пред почетокот на овој натпревар”.