24фудбал

Алексис Санчез се договорил со Јуве?

Според пишувањата на медиумите од Италија, Алексис Санчез ги договорил личните услови со Јувентус за преселба во Торино во летниот преоден рок

Италија

Новинарот на Sky Sports Italia, Џанлука Ди Марцио, кој важи за еден од најдобро информираните луѓе за случувањата на трансфер пазарот, објави дека ’Старата Дама’ прави напори да го ангажира Алексис Санчез.

Шампионот на Италија одржал неколку средба со агентите на играчот и преговорите имале позитивен епилог.

Сега останува само Јувентус да постигне договор со Барселона за висината на обесштетувањето, но ова нема да биде лесно бидејќи ’Каталонците’ сеуште не знаат дали трансфер забраната што им ја изрече ФИФА ќе остане на сила ова лето.

Барселона нема да даде зелено светло за продажба на репрезентативецот на Чиле доколку не може да пронајде соодветна замена.

Ди Марцио додава дека Жерард Деулофеу по крајот на сезоната ќе се врати на Камп Ноу по едногодишната позајмица во Евертон, па талентираниот Шпанец би можел да го надополни отсуството на Алексис Санчез.

Сепак, ’Каталонците’ нема да одлучат ништо без добро да ги разгледаат сите опции кои ги имаат.