24фудбал

Мурињо: Ова не е позитивен резултат за нас, но не сакавме да загубиме

Жозе Мурињо е свесен дека реми без голови на гости и не е некој позитивен резултат за неговиот тим, но вели дека не сакал да влезе со негатива во реваншот на Стемфорд Бриџ.

Лига на Шампиони

Жозе Мурињо успеа во намерата да остане непоразен на Висенте Калдерон, Челзи играше дефанзивно и успеа да се одбрани.

0-0 е резултат кој на Атлетико Мадрид му овозможува финале и со реми со погодоци на Стемфорд Бриџ, па Сините ќе треба да одат на победа во реваншот.

„Ова не е резултатот кој го посакував пред натпреварот, но не сакав ниту да го започнам реваншот со гол негатива" - изјави Мурињо по натпреварот.

„Реми без голови не е позитивен резултат за тимот кој реваншот го игра на домашен терен, но тоа е".

„Атлетико беше фрустриран на теренот на кој обично тие ги фрустрираат другите. Мојот тим прикажа солидни перформанси, игравме на начин кој ги иритираше домаќините".

„Атлетико Мадрид ги победи Милан и Барселона тука, а ние успеавме да го контролираме натпреварот".

„Ова беше тежок натпревар за Торес, бидејќи игравме без фудбалер кој може да му даде поддршка во нападот. Им реков на фудбалерите да не ја држат многу топката, туку да ја движат по крила".

„Атлетико притискаше силно, па им реков да играме по крила. Торес одигра пожртвувано за тимот".