24фудбал

Сезоната за Чех заврши

Поради дислокација на рамото, Петр Чех ќе ги пропушти последните натпревари од сезоната за Челзи.

Лига на Шампиони

По само 16 минути игра Чех мораше да го напушти натпреварот поради повреда, на негово место влезе Марк Шварцер.

Информациите велат дека Чех заработил дислокација на рамото, повреда поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната.

„Тешко ќе биде без нашиот голман. Сезоната за Петр Чех заврши" - изјави Мурињо за Sky Sport Italia по натпреварот.

„Тој нема да игра до крајот, но се надевам дека ќе може да прослави некоја титула со нас".

Натпреварот поради повреда не го заврши ниту Џон Тери, се очекува и тој да не биде во тимот за престојниот дерби натпревар против Ливерпул.