24фудбал

Фото: Подолски го прослави враќањето на Келн во Бундеслигата

Напаѓачот на Арсенал, Лукас Подолски вчера се врати во Германија за да ја прослави промоцијата на неговиот поранешен клуб Келн во Бундеслигата

Германија

По две години поминати во втората лига, Келн вчера обезбеди враќање во елитата со победата од 3-1 над Бохум.

Прославата по крајот на натпреварот беше спектакуларна, на теренот се симнаа огромен број на фанови, а неизбежно беше и традициналното ’бањање’ со пиво.

На трибините беше и напаѓачот на Арсенал, Лукас Подолски, кој во два наврати го носеше дресот на Келн.

На својот Instragram тој објави слика од прославата и напиша: „Многу сум среќен за мојот поранешен клуб... честитки ФК Келн за враќањето во првата лига”.

 

Напаѓачот на Арсенал, кој во неделата постигна два погодоци на гостувањето кај Хал и помогна неговиот тим да стигне до победа од 3-0, потоа објави и видео од атмосферата на стадионот.