24фудбал

Фирмино им ги скрши срцата на Бразилците, Ливерпул стигна до титулата која им недостастуваше (ВИДЕО)

Ливерпул триумфираше на Светското клупско првенство, „црвените“ вечерва во Доха со 1-0 триумфираа над Фламенго, стрелец на победоносниот гол беше Фирмино во 99. минута од мечот.

Останато

Ливерпул се радва на првиот успех на Светското клупско првенство, избраниците на Јирген Клоп го совлдаа Фламенго во финалето со 1-0 и во Мерсисајд ќе го донесат единствениот трофеј кој им недостастуваше во колекцијата.

Во интересен натпревар во Доха, „црвените“ не искористија неколку шанси, имаше и спорен момент од финишот на регуларниот дел кога судијата досуди пенал за Ливерпул, но со прегледување на снимките одлучи дека немало доволно елементи за најстрога казна.

Клучниот момент се случи по 9 минути игра во првото продолжение, Мане му асистираше на Фирмино, кој добро се снајде и погоди за 1-0. 

На крајот од второто продолжение, Фламенго имаше шанса да се избори за пенали, но тинејџерот Линколн биеше лошо од добра позиција.