24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Не чека жешко дерби на Северен Лондон

Најдобриот и најпрофесионален брокер за онлајн обложување BET-IBC и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Останато

Тотенхем – Арсенал: Двата тима даваат гол

На Вембли, Тотенхем го пречекува Арсенал во уште едно жешко дерби на Северен Лондон. Ниту на домаќините ниту на гостите им е потребна додатна мотивација за овој натпревар, но позицијата на табелата во која се наоѓаат два тима го прави овој натпревар уште поважен. Спарси имаат четири поени повеќе од „Топчиите“ па доколку избраниците на Покетино забележат победа ќе направат голема предност во однос на лутиот ривал. Арсенал веќе заостанува многу зад топ четири, па избраниците на Арсен Венгер ќе си направат голема услуга за продолжението од сезоната доколку го добијат дербито. Двата тима имаат одлична офанзива, па се очекува интересен дуел со погодоци во двете мрежи.

Наполи – Лацио: Победа на домаќинот

Избраниците на Маурицио Сари се во одлична форма, играат извонреден фудбал и сосема заслужено се на врвот. Но нивната предност во однос на Јувентус е минимална па затоа нема простор за никакво опуштање, особено не против опасниот Лацио. „Бјанкочелестите“ одлично ја започнаа сезоната, но во моментов се во мала криза и по поразот од Милан доживеаја уште едно разочарување, овој пат пред своите фанови во дуелот со Џенова. Наполи на последните пет натпревари има дури четири победи над Лацио, па „Наполитанците“ и вечерва би требало да прокнижат три бода.

Борусија Дортмунд – Хамбургер: Над 2,5 гола

„Милионерите“ немаат право на кикс бидејќи битката за топ четири пласман и место во Лигата на шампионите е прилично тесна. Истото важи и за Хамбургер, кој во моментов е во зоната за испаѓање. Дортмунд нема пораз откако Петер Штегер беше именуван за нов тренер, но Борусија и понатаму има проблеми во играта во одбрана и токму тука ХСВ ќе треба да ја бара својата шанса. На последните пет натпревари помеѓу овие два противника секогаш имало погодоци, па за очекување е и попладнево да паднат над 2,5 гола.

Реал Мадрид – Реал Сосиедад: Двата тима даваат гол

„Кралевите“ имаат огромно заостанување зад Барселона па целиот фокус ќе им биде кон Лигата на шампионите. Реал во среда се среќава со ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето, па мислите на Зинедин Зидан веројатно ќе бидат насочени кон „Светците“ а не кон Реал Сосиедад. Гостите токму ова треба да го искористат на Сантијаго Бернабеу и да се обидат да го изненадат фаворитот. Реал Мадрид сигурно нема да сака со пораз во Ла Лига да го пречека ПСЖ, па за очекување е возбудлив натпревар во кој двата тима ќе постигнат барем по еден гол.

BET-IBC е активен повеќе од 10 години, нуди беспрекорна услуга и врвно обложувачко искуство од нова генерација.

Па не размислејте повеќе, отворете сметки за обложување преку www.bet-ibc.com и уверите се сами дека BET-IBC е најдобар и најпрофесионален брокер за онлајн обложување.

BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на високи износи.