24фудбал

Симеоне: Имаме слични карактеристики со Челзи, но не сме исти екипи

Диего Симеоне вели дека целта е да ги искористат своите силни карактеристики, а да ги елиминираат слабите точки со цел да дојдат до финалето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Вечерва Атлетико Мадрид го пречекува Челзи во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите.

Судир на две екипи кои негуваат сличен стил на игра, Диего Симеоне против Жозе Мурињо.

„Не сме исти екипи, но имаме слични карактеристики. Имаме најдобар дефанзивен скор во лигите во кои играме, двете екипи играме добро дефанзивно и имаме директна напаѓачка игра. Добри сме и од прекини. Овие карактеристики ни овозможуваат да се бориме за титули, но сеуште ништо не сме освоиле, ќе видиме на крајот" - вели Диего Симеоне.

„Ги знаеме нашите силни и слаби страни. Ќе се обидеме да ја извлечеме предноста од нашите силни страни, а да ги анулираме слабите страни".

„Тибо Куртоа има исти мотиви како и сите останати наши фудбалери. Сите ќе излезат со ентузијазам. Ја знаат важноста на овој натпревар, но само за нив, туку и за клубот".

„Ова е полуфинале, па ќе биде многу тежок натпревар. Ова е дуел кој ќе го одлучиваат многу мали детали. Тимската работа ќе биде важна за да излезат на виделина индивидуалните квалитети кои можат да го решат натпреварот".

„Кој ќе одигра подобро, ќе биде поблиску до финалето. Сеуште размислувам за нашата тактика".

„Торес е дечко кој го сакаат тука. Тој го сака овој клуб и луѓето тука, има добри спомени. Пред натпреварот ќе има топло добредојде, а на крајот мислам дека ќе добие овации од публиката кои ги заслужува. Торес секогаш ќе биде дел од Атлетико".


Комерцијален текст: