24фудбал

Мурињо: Честитки за Мајк Дин и Мајк Рајли

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо по синоќешниот пораз од Сандерленд, беше гневен на судењето, па упати иронични честитки до судијата Мајк Дин, и главниот на судиите Мајк Рајли.

Англија
Челзи имаше одлична шанса за титулата во Премиер лигата, но се чини дека таа исчезна по синоќешниот пораз од Сандерленд на Стемфорд Бриџ.
 
Тоа беше и првиот пораз на Жозе Мурињо во Премиер лигата на домашен терен.
 
Домаќините беа бесни на судењето, особено поради вториот гол на Сандерленд кој беше постигнат од пенал.
 
Жозе Мурињо својот бес го искажа на прес конференцијата по натпреварот.
 
„Нема да чекам на вашите прашања, жал ми е поради тоа" - им рече Мурињо на новинарите.
 
„Но со четири кратки поенти ќе кажам се што сакам да кажам, па нема да губиме време, бидејќи секое ваше прашање, ќе биде одговорено на истиот начин".
 
„Прво сакам да им честитам на моите фудбалери, бидејќи тие дадоа се што можеа да дадат, се бореа, играа од првата до последната секунда и заслужуваат честитки".
 
„Второ, сакам да му честитам на Сандерленд, бидејќи тие победија, без разлика како, на кој начин, тие победија, освоија три бода, три фантастични бода за нив, па мислам дека е фер да им се честита".
 
„Трето, сакам да му честитам на Мајк Дин, мислам дека неговите перформанси на овој натпревар беа неверојатни".
 
„И четврто, мислам дека исто така е фер да му честитам на Мајк Рајли, бидејќи тоа е газдата на судиите, и тоа што го правеа цело сезона е фантастично, особено во последните неколку месеци, посебно на натпреварите на кои беа инволвирани тимовите кои се бореа за титулата, апсолутно фантастично".
 
„Честитки за г-дин Мајк Рајли, благодарам".