24фудбал

Кавани му донесе трофеј на ПСЖ

Со два гола на Единсон Кавани, ПСЖ го победи Лион во финалето од Купот на Франција и го освои првиот трофеј оваа сезона.

Франција
Во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, Кавани беше херојот на Парижаните, Уругваецот конечно излезе од сенка.
 
ПСЖ поведе уште во 3. минута кога по асистенција од Максвел, Кавани ја затресе мрежата на Лион.
 
Во 32. минута Уругваецот погоди и од пенал, а до крајот на полувремето имаше одлична можност и за хет-трик.
 
По десет минути игра во второто полувреме, Лаказете го намали резултатот на 2-1, но тоа беше се што стори тимот на Лион.
 
На крајот ПСЖ заслужено се радуваше на трофејот од Купот на Франција.