24фудбал

Прв пораз на Мурињо на Стемфорд Бриџ во Премиер лигата

Сандерленд го шокираше Челзи, Црните Мачки победија со 2-1, ова беше прв пораз на Жозе Мурињо на Стеморд Бриџ во Премиер лигата.

Англија
 
Тогаш кога најмалку требаше, Мурињо за прв пат загуби на домашен терен како тренер на Челзи во натпревар од Премиер лигата, големи три бода за Сандерленд во борбата за опстанок и отворен пат на Ливерпул кон титулата.
 
Натпреварот започна одлично за Челзи, по само 12 минути игра Ето реализираше за водство на Сините од 1-0.
 
Но само шест минути подоцна, Викман налета на една одбиена топка од Шварцер и изедначи на 1-1.
 
Челзи атакуваше кон победа, но една грешка на Азпиликуета во 80. минута го реши натпреварот.
 
Шпанецот најпрво ја загуби топката, а потоа и направи прекршок за пенал, Борини беше сигурен реализатор од белата точка за победа на Сандерленд.
 
Можеби повеќе од навивачите на Сандерленд на оваа победа се радуваа симпатизерите на Ливерпул кој сега има отворен пат кон титулата.
 
Во останатите денешни натпревари од Премиер лигата, Тотенхем со 3-1 го победи Фулам, Кристал Палас со 1-0 славеше на Аптон Парк против Вест Хем, Кардиф и Стоук одиграа 1-1, Свонси победи на гостувањето кај Њукасл, немаше погодоци на дуелот помеѓу Астон Вила и Саутемптон.