24фудбал

Алегри ќе биде нов тренер на Тотенхем?

Според Corriere dello Sport, Масимо Алегри се договорил со Тотенхем да го превземе кормилото на Спарси од следната сезона.

Англија
Италијанскиот весник пишува дека Алегри со себе ќе го земе и Мауро Тасоти за прв асистент на Вајт Харт Лејн.
 
Но, информациите од Италија се контрадикторни на оние кои доаѓаат од Англија, на Островото се шпекулира дека Луис ван Гал би можел да биде новиот тренер на Тотенхем.
 
Сепак Италијаните велат дека работата е завршена, и Алегри и Тасоти веќе постигнале конечен договор со Тотенхем.
 
За официјални информација веројатно ќе треба да почекаме до завршувањето на сезоната.