24фудбал

Сити се спасуваше од пораз против Сандерленд, киксна и Евертон

Манчестер Сити одигра само 2-2 на свој терен против Сандерленд, а многу лесно можеше и да загуби, Евертон на свој терен доживеа незгоден пораз од Кристал Палас.

Англија
Манчестер Сити важеше за огромен фаворит во дуелот со Сандерленд, но Граѓаните не успеаа да ги освојат планираните три бода, резултат кој ги израдува Ливерпул и Челзи.
 
Почетокот наговестуваше сигурен триумф на домаќинот, уште во втората минута Фернандињо погоди за водство на Сити од 1-0.
 
Но Викам со погодоци во 73. и 83. минута направи комплетен пресврт за водство на Сандерленд од 2-1.
 
Самир Насри во 89. минута успеа да го изедначи резултатот на 2-2, лоша интервенција на голманот Маноне.
 
Неочекуван пораз доживеа и Евертон кој се бори за четвртото место на табелата, Кристал Палас со 3-2 славеше на Гудисон Парк.
 
Па по 34. одиграни кола Арсенал повторно има предност кога е во прашање битката за последното место кое води во Лигата на Шампионите.