24фудбал

Металург и Работнички во финалето на Купот

Металург и Работнички ќе играат во финалето од Купот на Македонија, откако денеска ги елиминираа Тетекс односно Брегалница.

Македонија
Со гол на Симоновски во 80. минута, Металург го победи Тетекс со 1-0 со што обезбеди пласман во последниот натпревар од Купот на Македонија.
 
Поинтересно беше во Штип, каде што Брегалница успеа да ја анулира предноста на Работнички од првиот натпревар, резултатот по 90 минути игра беше 2-0 за домаќините.
 
Аксентиев и Митров беа стрелци на головите за Штипјани.
 
Но, на крајот сепак Романтичарите беа тие кои се радуваа, беа поуспешни во пенал рулетот и изборија пласман во финалето.
 
Финалето од Купот на Македонија се игра на 7. мај на Националната Арена Филип Втори.