24фудбал

Гвардола: Со ваква форма немаме шанси против Реал Мадрид

Пеп Гвардиола ги предупредува своите фудбалери дека мора да го подигнат нивото на игра доколку сакаат да се пласираат во големото финале од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Баерн Минхен има фантастична сезона и во рекордно време дојде до шампионската круна во Бундеслигата, но Баварците имаат пад во формата.
 
Победија на само еден од последните пет натпревари, скор кој го загрижува Пеп Гвардиола.
 
„Доколку во Мадрид играме како што игравме во изминатиов период, немаме шанси да дојдеме до финалето" - вели Гвардиола.
 
„Доколку играме како што игравме во изминатите три натпревари, нема да дојдеме до никакво финале".
 
„Се наоѓаме во опасна ситуација. Кога не сме фокусирани, многу бавно се одвиваат работите на теренот за нас".