24фудбал

Венгер: Многу значајна победа

Арсенал со пресврт дојде до победа против Вест Хем, Арсен Венгер е задоволен триумфот и се надева дека така ќе продолжат до крајот на сезоната.

Англија
Арсенал синоќа со 3-1 славеше многу значајна победа над Вест Хем, Топџиите се борат со Евертон за четвртата позиција на табелата.
 
„Во првото полувреме беше тешко, но клучно беше што израмнивме на 1-1 пред крајот на првото полувреме, второто добро го контролиравме" - изјави Венгер за Sky Sports.
 
„Севкупно ова беше тешко изборена победа, многу значајна исто така, многу сум задоволен бидејќи славевме по еден исцрпувачки натпревар против Виган".
 
„Славевме на два натпревари на кои ни беше потребна победа. Ајде да продолжиме така".
 
„Сите се под притисок, а најдобар начин да се справите со притисокот е да се фокусирате само на вашите перформанси".