24фудбал

Челзи ќе ги субвенционира фановите за дуелот со Атлетико

’Сините’ соопштија дека ќе им платат дел од влезниците на навивачите кои ќе одат на гостувањето кај Атлетико Мадрид во полу-финалето од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Во првиот натпревар од полу-финалето во најелитното европско натпреварување, Челзи му гостува на Атлетико Мадрид на 22. април.

За средбата на Висенте Калдерон, Челзи ќе добие 3071 билет, а цените ќе се движат помеѓу 38 и 79,50 фунти.

Со цел да им се заблагодари на фановите кои ги бодрат своите миленици на гостувањата, тимот од Стемфорд Бриџ реши да ги субвенционира своите навивачи кои ќе патуваат во главниот град на Шпанија.

Челзи ќе одвои нешто над 60 000 фунти, односно ќе плати по 20 фунти за секоја влезница.

Претходно ваков потег направи и Баерн Минхен, ’Баварците’ ги субвенционираа своите фанови за гостувањето кај Арсенал и одвоија 90 000 евра за оние кои патуваа во Лондон.