24фудбал

Јаја Туре ќе паузира две недели

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини соопшти дека Јаја Туре ќе паузира помеѓу 10 и 14 дена

Англија

Репрезентативецот на БСК предвреме го заврши дуелот со Ливерпул во неделата, откако се пожали на повреда на мускулот по 20 минути игра.

Првичните прогнози велеа дека Јаја Туре би можел да биде надвор од стројот повеќе од еден месец, со што сезоната практично ќе беше завршена за фудбалерот од средниот ред.


Сепак, попладнево Мануел Пелегрини соопшти дека повредата не е сериозна како што се мислело во прв момент, и играчот би требало да се врати на терените за две недели.

„Јаја има повреда на мускулот” – рече менаџерот на ’Граѓаните’ на прес конференцијата. „Ќе видиме, со докторот, колку време тој ќе биде надвор од стројот”.

„Можеби не се работи за сериозна повреда како што верувавме во прв момент, но потребни му се барем 10 до 14 дена за да се опорави”.

Чилеанецот исто така пренесе дека се е во ред со Винсент Компани и Серхио Агуеро, па двајцата ќе биде во комбинација за дуелот со Сандерленд.

„Винсент е повика за утрешниот натпревар, исто како и Агуеро. Ќе видиме кои играчи ќе се најдат во стартниот состав”.