24фудбал

Скромниот Подолски се вози со јавен превоз

Иако игра во Арсенал и заработува милиони евра, Лукас Подолски е обично момче кое и понатаму користи автобус.

Англија

Подолски синоќа е фотографиран како излегува од автобусот со број 26 кој поминува низ центарот на Лондон.

За разлика од останатите фудбалски ѕвезди кои со гордост се возат и ги промовираат своите бесни автомобили, Полди нема проблем да користи јавен превоз.

Подолски го сака Арсенал, но неговата иднина на Емирати е неизвесна, бидејќи оваа сезона Германецот почесто е на клупата отколку на теренот.