24фудбал

Манчестер Сити им плаќа најмногу на играчите

’Граѓаните’ се клубот кој одвојува најголеми плати во светот на спортот, во просек играчите на Етихад инкасираат околу 8,1 милион долари

Останато

Во истражувањето спроведено на ESPN The Magazine и Sportingintelligence, Манчестер Сити за плати издвојува околу 202 милиони долари, или во просек по 8,1 милион долари, што е најмногу во светот на спортот.

Зад ’Граѓаните’ се двата гиганта од Американскиот бејзбол, Њу Јорк Јенкис и Лос Анџелес Доџерс, а потоа следуваат двата гиганти од Шпанија, Реал Мадрид и Барселона.

Во топ 10 уште влегуваат два тима од НБА, Бруклин Нетс и Чикаго Булс, како и шампионот во Бундеслигата, Баерн Минхен и премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Челзи.

Милан и Интер драстично ги имаат намалено сметките за плати и за разлика од претходната листа кога беа помеѓу врвот сега се на 27. односно 31. позиција

Јувентус котира највисоко на листата од клубовите во Серија А, шампионот на Италија е на 18. позиција, просечната плата кај ’Бјанконерите’е 5,3 милиони долари.

Во анализата не се вклучени бонусите и другите награди што ги исплаќаат клубовите.