24фудбал

Роналдо, Марсело и Пике го пропуштаат финалето од Купот на Шпанија

Кристијано Роналдо, Марсело и Пике дефинитивно нема да бидат дел од утрешното Ел Класико финале во Купот на Шпанија.

Шпанија

Утре Реал Мадрид и Барселона ќе се борат за првиот трофеј сезонава, а според информациите на шпанските медиуми, Роналдо, Марсело и Пике нема да бидат дел од оваа пресметка.

Marca пишува дека Роналдо и Марсело тренираат одвоено од останатите фудбалери на Реал Мадрид и нема да настапат во финалето.

Постоеа шпекулации дека Португалецот сепак ќе успее да се опорави навреме, но се чини дека тоа нема да се случи, Карло Анчелоти не сака да ризикува бидејќи пред Кралевите се два дуели со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите.

RAC1 објавува дека Жерард Пике исто така нема да биде подготвен за престојното Ел Класико.

Тата Мартино беше оптимист дека Пике ќе може да игра, но тоа нема да се случи, а на располагање не е ниту Бартра, па стартер во дефанзивната линија би требало да биде Пујол.