24фудбал

Антиќ: Меси одбива да трча бидејќи не сака да игра крило

Легендарниот тренер на Атлетико Мадрид, Радомир Антиќ кој во 2003 година ја предводеше и Барселона, смета дека Меси одбива да даде целосен придонес бидејќи не сака да игра на крилната позиција.

Шпанија

Меси беше критикуван дека истрча само 6.9 километри на дуелот против Атлетико Мадрид, Радомир Антиќ смета дека со тоа Аргентинецот ја бојкотира одлуката на тренерот Тата Мартино да го игра на крилната позиција.

Антиќ овој случај го споредува со ситуацијата помеѓу Луис ван Гал и Ривалдо во сезоната 1999-2000.

„Меси не трчаше многу бидејќи тренерот му рече да игра како крило. Тоа беше негов начин да каже \'Доколку сакаш да ме играш на крило, ќе го правам само тоа\'\" - изјави Антиќ за goal.com.

„Ситуацијата е многу слична на она што се случуваше помеѓу Ван Гал и Ривалдо. Ван Гал го тераше Ривалдо да игра на левата крилна позиција, па секогаш кога топката ќе дојдеше до него, тој само ќе ја вратеше до Винстон Богарде\".

„Јасно е дека Барселона има голем проблем. Како тие ќе ги вкомпонираат Меси, Нејмар и Иниеста во еден тим?\".

„Не мислам дека Меси ќе прифати да игра на крило по се што има направено за Барса. Тој ќе рече: \'Доколку сакате да играм крило, ќе играм таму, но како ќе бидам инволвиран во натпреварот, тоа е друга работа...\'\"