24фудбал

Милан се интересира за Ешли Кол и Микел

Според италијанските медиуми, Милан посакува да ги ангажира фудбалерите на Челзи, Ешли Кол и Џон Оби Микел во летниот преоден рок.

Италија

Договорот на Ешли Кол истекува по крајот на оваа сезона, тој се наоѓа на клупата за резервни фудбалери и јасно е дека нема да продолжи на Стемфорд Бриџ.

Со доаѓањето на Немања Матиќ, Џон Оби Микел многу ретко добива шанса да се појави на теренот, па и Нигериецот би требало да го напушти Челзи.

Италијанските медиуми најавуваат дека дуото од Челзи би можело да се пресели на Сан Сиро.

Кларенс Сидорф ја истакна потребата од лев бек.

„Преферирам фудбалери како Кафу и Сержињо, но немаме такви" - изјави Сидорф.

„Бонера внесе одличен баланс во тимот, Констант е фудбалер од средниот ред, Емануелсон како бек играл само неколку пати во кариерата, но немаме вистински лев бек".

Ешли Кол може да пристигне како слободен играч, а цената на Оби Микел се проценува на околу 14 милиони евра.