24фудбал

Реал Мадрид - Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на Шампиони

Мега пресметка во полуфиналето од ЛШ, Реал Мадрид против Баерн Минхен, за второто место во финалето ќе играат Атлетико Мадрид и Челзи.

Лига на Шампиони

Ждрепката за полуфиналето донесе пресметка помеѓу моќните тимови на Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Во второто полуфинале ќе гледаме супер интересно тренерско надмудрување помеѓу Диего Симеоне и Жозе Мурињо.

Ждрепката одлучи Реал и Атлетико да бидат домаќини на првите натпревари, но според правилата на УЕФА, еден град не може да биде организатор на два последователни натпревари, па дополнително ќе се изврши корекција.

1/2 финале Лига на Шампиони:

Реал Мадрид - Баерн Минхен
Атлетико Мадрид - Челзи

Првите натпревари се играат на 22/23 април, реваншите се седум дена подоцна.