24фудбал

Шпанско полуфинале во Лига Европа

Севиља ќе игра против Валенсија во полуфиналето од Лига Европа, главниот фаворит Јувентус ќе се сретне со Бенфика.

Лига Европа

Денеска во Нион се извлекоа полуфиналните двојки за Лига Европа.

Севиља - Валенсија е едниот пар, тоа значи дека Шпанија ќе има свој претставник и во финалето во Торино.

Можеби поатрактивен ќе биде дуелот помеѓу шампионот на Италија, Јувентус и минатогодишниот финалист во Лига Европа, тимот на Бенфика.

1/2 финале Лига Европа:

Севиља - Валенсија
Бенфика - Јувентус

Првите натпревари се играат на 24. април, реваншите се на 1. мај, финалето ќе биде во Торино на 14. мај.