24фудбал

Роналдо има ситна повреда, би можел да пузира две недели

Реал Мадрид соопшти дека Кристијано Роналдо има ситна повреда на задната ложа на левата нога, медиумите велат дека Португалецот би можел да паузира 15 дена

Шпанија

Изминатиот викенд CR7 доби одмор и не беше дел од тимот на ’Кралевите’ за гостувањето кај Реал Сосиедад.

Фудбалерот требаше да се врати на дуелот со Борусија Дортмунд, но во понеделникот, по само 20 минути на тренингот на Сигнал Идуна Парк мораше да го напушти теренот, а потоа го преседе и дуелот со ’Милионерите’.

Реал Мадрид попладнево пренесоа дека деталните тестови покажале ситна повреда на задната ложа на левата нога.

’Кралевите’ не соопштуваат колку време играчот ќе биде надвор од стројот, а според пишувањата на медиумите, Кристијано Роналдо би можел да паузира и до две недели.

Тој ќе го пропушти дуелот со Алмерија во Примера, и речиси сигурно нема да биде во комбинација за финалето од Копа Дел Реј против Барселона на Местаља.

CR7 би можел да биде и под знак прашалник за првиот натпревар од полу-финалето во Лигата на Шампионите.