24фудбал

Гвардиола: Горд сум на моите играчи

Пеп Гвардиола вели дека е горд на неговите играчи по победата од 3-1 над Манчестер Јунајтед и пласманот во полу-финалето од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

И покрај тоа што ’Баварците’ го имаа поседот на топката, ’Црвените Ѓаволи’ беа тие што го отворија резултатот со прекрасниот погодок на Евра.

Но актуелниот шампион на Европа експресно се врати во игра, само 69 секунди беа во негатива, и стигна до изедначување преку погодокот на Манџукиќ.

Потоа следуваа и головите на Милер и Робен со кои Баерн Минхен ги реши сите дилеми и се пласираше помеѓу четирите најдобри.

„Четврт-финалето од Лигата на Шампионите секогаш е тежок тест, вечерва сите одново се уверивме во ова” – рече Пеп Гвардиола.

„Јунајтед се бранеше со осум играчи во сопствениот шеснаесетник. Играа цврсто во одбраната, оставаа малку простор за игра и напаѓаа преку контри”.

„Бевме трпеливи и имавме малку среќа пред противничкиот гол. Но сме во полу-финале и морам да признам дека сум многу, многу горд на моите играчи. Воопшто не им е лесно”.

„Среќен сум за нив. Го оставија срцето на терен и работеа многу напорно. Заслужија да бидат во полу-финале“.

„Ја браниме оваа титула и тоа носи дополнителен товар. Исто така, во овој клуб секогаш се бара повеќе”.

„Не е лесно да се игра во ваква ситуација, кога се очекува само победа, победа, победа. Доколку не победите, навистина е тешко”.

„Сите велат дека е лесно да се триумфира во Бундеслигата и во континуитет да се игра на високо ниво, но тоа не е така”.