24фудбал

Меси истрчал 6,8км против Атлетико, само 1,5км повеќе од голманот Пинто

Утринава шпанските весници излегоа со критики кон Лионел Меси за неговиот настап против Атлетико Мадрид.

Лига на Шампиони
Атлетико Мадрид синоќа ја надигра Барселона и сосема заслужено ја елиминираше во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.
 
Главната ѕвезда на Барса, Лео Меси утринава се најде на мета на шпанските медиуми за неговиот настап.
 
Според официјалната статистика, Меси истрчал само 6,8км на синоќешниот натпревар, што е за 1,5км повеќе од голманот Пинто кој има 5,3км.
 
Коке од Атлетико Мадрид истрчал речиси двојно повеќе од Меси, 12,28км, најголема километража од фудбалерите на Барса поминал Чави (11,82), потоа се Жорди Алба (11,52), Дани Алвеш (10,82), Бускетс (10,75), Бартра (10,64).