Вечерва ждрепка за ЕП 2012
Вечерва со почеток во 18:00 часот ќе започне ждрепката за групите на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Полска и Украина.
Вечерва во Киев ќе бидат извлечени групите за Европското првенство 2012 година.
Шеснаесет репрезентација ќе бидат поделени во четири групи со по четири репрезентации.
Селекциите се поделени во четири шешири, во првиот покрај домаќините Полска и Украина, се Шпанија и Холандија.
Во вториот шешир се селкциите на Германија, Италија, Англија и Русија.
Во третиот се Хрватска, Грција, Португалија и Шведска.
И во четвртиот Данска, Франција, Чешка и Република Ирска.
Првенството во ваков формат ќе се одржи за последен пат, од 2016 година бројот на учесници ќе се зголеми од 16 на 24.
